21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Жена на возраст од 46 години утрово била тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила во центарот на Скопје. Според информациите на Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен вчера во 07:10 часот во СВР Скопје.
Несреќата се случила на крстосницата меѓу улицата „Филип Втори Македонски“ и сервисната улица, кога патничко возило марка „Фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од 62-годишниот С.М. од Скопје, удрило во пешакот М.К. (46), исто така од Скопје.
Од ударот, М.К. се здобила со тешки телесни повреди. Таа била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што повредите биле констатирани од медицинскиот персонал.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а причините за несреќата дополнително се утврдуваат.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

