11 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Како што веќе станува традиција, продолжените празнични викенди се повод за масовни патувања надвор од границите на Македонија. Најновите податоци на Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдуваат дека над 43.000 македонски државјани одлучиле велигденските празници да ги поминат во странство.
Според полициските извештаи, најголема фреквенција на патници е забележана на граничните премини Табановце, Богородица и Блаце.
Во периодот од 9 април (од 12:00 часот) до денеска, 11 април (до 12:00 часот), преку граничниот премин Табановце земјата ја напуштиле дури 16.764 македонски државјани, додека во истиот период влегле само 6.279.
Што се однесува до странските државјани на овој премин:
Огромлив прилив на патници е забележан и кон Грција и Косово. Преку граничните премини Богородица и Блаце, државата ја напуштиле вкупно 20.749 македонски државјани.
Останатите гранични премини бележат значително помал интензитет на сообраќај:
Апел до возачите: Надлежните институции апелираат до сите граѓани кои планираат да патуваат, да бидат трпеливи и редовно да ја следат состојбата на камерите на граничните премини, со цел да се избегнат непотребни чекања и метеж.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

