12 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
И покрај тоа што Град Скопје и Општина Аеродром јавно соопштија дека не издале дозвола за работа на забавниот парк „Зимзоленд“ во населбата Ново Лисиче, организаторите најавија дека ќе продолжат со работа и дека објектот нема да биде затворен.
Од Град Скопје за телевизијата Телма потврдија дека градските инспектори извршиле увид на локацијата и побарале соодветна документација за работа. Според нивните наводи, организаторите не поседувале никаква дозвола, ниту од Град Скопје, ниту од Општина Аеродром.
Од Градот појаснуваат дека, поради вршење дејност надвор од објект за кој тие издаваат дозволи, со нудење услуги, остварување промет и профит, надлежност има Државниот пазарен инспекторат. Во однос на поставената урбана опрема и реквизити, надлежна е Општина Аеродром, односно нејзината градежна инспекција, бидејќи Град Скопје нема таква инспекциска надлежност поради поделбата на ингеренциите.
Од Општина Аеродром претходно информираа дека нивен градежен инспектор извршил увид на терен и започнал инспекциска постапка согласно Законот за градење, Законот за инспекциски надзор и Законот за општа управна постапка, со цел отстранување на поставената опрема.
Спротивно на овие тврдења, организаторите на „Зимзоленд“ изјавуваат дека ги поседуваат сите потребни дозволи и дека манифестацијата ќе продолжи да функционира.
Дополнителни неправилности утврдила и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Според Агенцијата, организаторот не бил регистриран како оператор со храна и не ја известил АХВ дека на локацијата ќе се врши продажба на храна. Поради неисполнување на основните хигиенски услови, биле изречени и парични казни.
При контрола на терен, Државниот пазарен инспекторат затекнал лица кои вршеле нерегистрирана дејност, за што исто така биле преземени соодветни мерки.
По бројните реакции од жителите на Ново Лисиче, кои се жалат на сообраќаен хаос и нарушување на јавниот ред, Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле изречени десетици сообраќајни казни.
Случајот и понатаму е предмет на постапување на надлежните институции, додека јавноста очекува разрешница околу законитоста на работењето на „Зимзоленд“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

