28 октомври 2026
• од Стефан Николов
Полицијата повторно ја приведе 41-годишната Стојна Димитровска од Кратово, откако двајца посетители пријавиле дека се обидела да им наплати влезници за локалитетот „Камени кукли“ и им се заканувала.
Според Макфакс, приведувањето било извршено на 27 октомври, по пријава од двајца скопјани. Од Министерството за внатрешни работи соопштиле дека против жената ќе следува соодветна пријава по целосното документирање на случајот.
Димитровска и претходно била приведувана поради пријави дека се обидувала да им наплати влезници на посетители на локалитетот. Против неа имало и пријави за напади врз посетители.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

