30 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одржа нова седница на која беа донесени неколку значајни одлуки поврзани со работењето на поранешното раководство на федерацијата.
На седницата беше одлучено да се започне дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија на ФФМ против поранешниот претседател Муамед Сејдини. Како што информираат од федерацијата, Сејдини се товари за финансиска измама поврзана со авансна исплата во износ од 700.000 евра кон фирма-изведувач ангажирана за изградба на трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Според наводите на ФФМ, исплатата била извршена самоиницијативно од страна на тогашното раководство и спротивно на одлуките на Управниот одбор, при што не била обезбедена соодветна банкарска гаранција. Овој чекор, како што се наведува, претставува сериозно прекршување на внатрешните процедури и финансиските правила на федерацијата.
Управниот одбор оценил дека во конкретниот случај постојат елементи на тешки повреди на службените обврски и дејствување спротивно на интересите на ФФМ. Според нив, ваквото постапување предизвикало негативни последици врз угледот и финансиското работење на федерацијата.
Од ФФМ најавуваат дека дисциплинската постапка ќе се води согласно статутарните акти и дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни одлуки.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

