10 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Кусо по 22:05 часот по локално време вечерва е регистриран земјотрес со епицентар околу 20 километри југозападно од Тетово, во северозападниот дел на Република Македонија.
Според првичните информации, земјотресот бил почувствуван од населението во Тетово и околните населени места. Дел од граѓаните пријавиле кратко тресење, но засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.
Во моментот магнитудата на земјотресот сè уште не е официјално објавена. Надлежните сеизмолошки служби информираат дека податоците се предмет на дополнителна анализа и дека повеќе информации се очекуваат во текот на ноќта.
Надлежните апелираат до граѓаните да останат смирени и да ги следат официјалните соопштенија од релевантните институции.
Подетални информации се очекуваат наскоро.
Џорџа Мелони им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени од режимот на Тито
Филипче: Врв на безобразие – нема пари за плати, а има за нов владин авион
Филипче: СДСМ повторно го поднесува законот, 600 евра минимална плата сега
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

