Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради улична трка
Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје) ги информира граѓаните дека во недела, на 13 април 2025 година, со почеток во 10:00 часот, ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот поради одржување на улична трка во главниот град.
Трката ќе започне и ќе заврши кај фонтаната Лотус на булеварот „Илинден“. Трасата на движење ќе се одвива долж булеварот „Илинден“ до крстосницата со булеварот „8-ми Септември“, каде натпреварувачите ќе направат полукружен сврт и ќе се вратат назад по истата траса до целта – фонтаната Лотус.
Во текот на трката, сообраќајот на овој потег ќе биде пренасочуван по околните улици, а Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање и насочување на сообраќајниот тек.
СВР Скопје упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници и да покажат разбирање, со цел непречено и безбедно одвивање на спортскиот настан.