10 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти, денеска (10 февруари 2026 година) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.
Како што информираат надлежните институции, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на сообраќајот, при што ограничувањата ќе се однесуваат на централното градско подрачје на Град Скопје. Целта на мерките е обезбедување непречено и безбедно движење за време на посетата.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите граѓани и учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат полициските службеници на терен.
Граѓаните се повикуваат навремено да ги планираат своите обврски и, доколку е можно, да користат алтернативни сообраќајни правци со цел избегнување на застои и доцнења.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

