07 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Поранешната претседателка на Косово, Вјоса Османи i, изрази јавна поддршка за протестот на албанските студенти во Скопје, кои бараат полагањето на правосудниот испит да се одвива и на албански јазик.
Преку објава на социјалната мрежа Facebook, Османи јасно застана зад барањата на студентите, нагласувајќи ја важноста на јазичните права и еднаквиот пристап до образованието.
„Во поддршка на студентите! Во поддршка на албанскиот јазик! Во поддршка на сестрите и браќата Албанци во Северна Македонија, денес и секогаш!“, напиша Османи.
Протестите на студентите во Скопје се однесуваат на барањето правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, што според нив претставува основно право и дел од принципите на еднаквост и недискриминација.
Оваа поддршка од висок политички профил повторно го отвори прашањето за употребата на јазиците во институциите и образовниот систем во Северна Македонија, тема која и понатаму предизвикува јавни дебати.
Студентите најавуваат дека ќе продолжат со своите активности сè додека нивните барања не бидат разгледани и прифатени од надлежните институции.
Османи: Владата се обидува протестите да ги прикаже како политички мотивирани
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

