26 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Кандидатот на коалицијата Влен за градоначалник на општина Брвеница, Хаќим Рамадани, се обрати од митинг во Хамбург, каде што директно упати порака до Инфомакс.
Рамадани потврди дека моментално престојува во Германија, каде заедно со својот противкандидат од ДУИ бара поддршка од дијаспората. Целта, според неговите зборови, е „да се обединат гласовите за да се порази кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ**, Јовица Илиевски, кој е актуелен градоначалник на општината.
Во своето обраќање, Рамадани нагласи дека општините каде што Албанците се мнозинство – како Кичево, Брвеница и Тетово – треба да бидат раководени од Албанци.
„Сакаме да се знае кој е газда на својата земја,“ изјави Рамадани, нагласувајќи дека соработката меѓу Влен и ДУИ е „факт“, и дека заеднички ќе настапуваат на терен каде што има доминантно албанско население.
Рамадани во своето обраќање се осврна и на прашањето за референдумот за Илирида, повикувајќи на „јасно дефинирање на иднината на Албанците во Македонија“.
Инфомакс најави дека одговор од Рамадани за оваа и други контроверзни изјави ќе биде даден во живо во емисијата „Тешки Муабети“, каде што се очекува да ги образложи своите ставови и визија за општината Брвеница.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

