МАКЕДОНИЈА

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување на горивата

16 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нови цени на горивата, кои стапуваат на сила од вечерва на полноќ. Сите видови моторни горива, освен екстралесното масло за домаќинство, ќе претрпат зголемување на цената.

Согласно новата одлука, ЕУРОСУПЕР 95 поскапува за 1,5 денари и ќе се продава по 76 денари за литар. Иста е промената и кај ЕУРОСУПЕР 98+, кој од утре ќе чини 78 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ, исто така зголемена за 1,5 денари, ќе изнесува 67,5 денари за литар.

Од друга страна, намалување на цената има кај екстралесното масло за домаќинство, кое поевтинува за 1 денар и ќе се продава по 67,5 денари. Мазутот бележи зголемување од 1,3 денари, и од утре ќе чини 39,8 денари по килограм.

Граѓаните се советуваат да ги наполнат своите резервоари пред полноќ, со оглед на зголемувањето на цените на најчесто користените горива. Регулаторната комисија објавува дека цените се ревидираат во согласност со движењата на берзанските котации и курсот на денарот во однос на доларот.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени