22 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Коалицијата ВЛЕН на локалните избори во Кичево ќе го поддржи актуелниот градоначалник и поранешен командант на УЧК, Фатмир Дехари, наместо кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Александар Јовановски.
Оваа одлука претставува своевиден политички нокаут за премиерот Христијан Мицкоски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, која во првиот круг отворено застана зад кандидатот на ВЛЕН во Тетово, иако немаше свој претставник во трката.
Лидерот на ВЛЕН, Биљал Касами, во гостување за албанска телевизија изјави дека во вториот изборен круг коалицијата ќе застане зад кандидатот на ДУИ, односно Фатмир Дехари.
„ВЛЕН во Кичево ќе ја поддржи ДУИ и командантот Фатмир Дехари, а не кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ,“ изјави Касами, додавајќи дека одлуката е донесена врз основа на политичка стратегија и локални интереси.
Според најавите, ВЛЕН очекува возвратна поддршка од ДУИ во општините Брвеница и Долнени, каде кандидатите на коалицијата влегуваат во вториот круг.
Овој потег може да има значително влијание врз односите меѓу албанските политички субјекти, но и врз пошироката политичка рамнотежа меѓу македонските и албанските партии на локално ниво.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден