МАКЕДОНИЈА

Полициски началници од случајот „Кочани“ вклучени во изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ?

09 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Сериозни обвинувања за злоупотреба на институциите и прикривање на трагедија повторно ја вознемирија јавноста. Професорот и пратеник од Левица, Димитар Апасиев, преку Фејсбук отвори директно прашање до властите:
„По кој член од Законот за полиција – џандарите одговорни за Кочани си ги ставате во општински изборни штабови?“

Прашањето доаѓа по објавата на фотографии од страна на Левица, на кои се гледа ексначалникот на СВР Штип, Дејан Салтировски, во просториите на општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Салтировски, заедно со својот кумашин Ванчо, според Левица, биле присутни пред дискотеката „Пулс“ во Кочани еден час пред да се случи трагедијата – но не презеле никаква акција. Наместо соочување со одговорност, тие денес се дел од партиската изборна инфраструктура на владејачката партија.

Според тврдењата на Левица, нивниот ангажман во партискиот штаб е направен по директна наредба од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски. Дополнително, постои сомневање дека премиерот, во неформална соработка со државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, овозможил спасување на вмровските кадри од каква било истрага поврзана со настаните во Кочани.

Пратениците од Левица веќе имаат поднесено кривична пријава против Мицкоски за попречување на правдата, а во таа пријава се наведува и името на Салтировски. Според нив, постои и сомнеж дека во таканаречениот „мито-тефтер“ на контроверзниот функционер Дејан Јованов – Деко, се наоѓаат имињата на Салтировски и Ванчо, што би можело да ја објасни доцнењето на полициската рација за клучен час.

Исто така, Левица потсетува на поврзаноста на Салтировски со актуелниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Во минатото, како вработен во гранична полиција, Салтировски наводно нудел полномошни од тогашниот адвокат Тошковски за вработени во полицијата – што отвора сомнеж за можна шема за испумпување средства преку тужби против МВР.

И покрај тежината на обвинувањата, Салтировски не само што не се соочил со дисциплинска или кривична постапка, туку е вратен на работното место во граничната полиција.

Од Левица остро реагираат:

„Нема да дозволиме оваа трагедија да се претвори во уште еден заташкан случај! Ќе продолжиме со сите расположливи механизми да бараме одговорност – и за трагедијата во Кочани, и за структурниот криминал кој ја разјадува државата.“

Јавноста очекува одговор од надлежните институции – не само за трагедијата во Кочани, туку и за политичкото вдомување на лица со сомнително минато во највисоките партиски структури.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени