09 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Синоќа, нешто по полноќ, граѓани од општина Виница реагираа до редакцијата на Инфомакс заради полициска акција што се одвивала за време на журка на градскиот базен.
Според нивните сведоштва, полицијата спровела обемна рација, при што на малолетните лица не им било дозволено да го напуштат локалот пред полноќ.
Во акцијата биле вклучени и полициски кучиња, а дел од малолетниците биле извадени од просториите со лисици на рацете.
На терен биле присутни околу 100 полицајци, меѓу кои и неуниформирани службеници.
Настанот предизвика реакции во јавноста, а граѓаните прашуваат дали ваквото демонстрирање сила од страна на полицијата е оправдано, особено кога станува збор за млади лица
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода