13 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Новинарските екипи на САКАМДАКАЖАМ.МК и ТВ Телма денеска беа легитимирани од полициски службеници во Демир Хисар додека известуваа за увидот во локалната гимназија, каде што било пријавено провалување во директорската канцеларија.
Според информациите на СДК, полицијата од новинарите побарала лични карти, со образложение дека се водат како „непознати лица“ на настанот. Службениците ги запишале сите податоци од личните документи, вклучително и адреса, датум на раѓање и број на регистарска табличка од возилата, иако новинарите носеле видливи новинарски легитимации.
На постапката реагираше новинарот и истражувач-аналитичар од областа на правосудството, Васко Маглешов од Призма-БИРН МК. Тој предупреди дека ваквиот однос на полицијата е недозволив и претставува притисок врз медиумите.
„Недозволиво е полицaјци на јавен простор да ги третираат новинарите идентификувани со новинарска легитимација како ‘непознати лица’. Полицијата не смее да се претвори во инструмент за заплашување или замолкнување на новинарството. Наместо да ги попречува, треба да ги штити оние кои ја извршуваат својата професионална обврска – да известуваат за прашања од јавен интерес без страв од институционален притисок,“ напиша Маглешов на својот профил.
Тој додаде дека во демократско општество новинарската легитимација е доказ за јавната улога на новинарите, а секое друго толкување е чекор кон автоцензура и создавање атмосфера на страв.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден