14 февруари 2026
• од Гоце Кически
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода вкупно 15 возачи поради управување моторно возило без возачка дозвола.
Од приведените, четири лица биле затекнати во Гостивар, двајца во Тетово, а по еден во Велес, Кичево и Битола. Во Битола, малолетник претходно со возило удрил во пешак, по што му било одземено возилото. Во Гостивар, пак, од малолетник бил одземен мопед откако со него удрил во полициски службеник кој вршел службени дејствија.
Патничките возила им биле одземени и на останатите возачи кои управувале без возачка дозвола. Дополнително, по еден возач во Гостивар и Кавадарци управувале возила и покрај изречена мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија, при што и ним им биле одземени возилата.
Во одделни случаи, по еден возач во Македонска Каменица, гевгелиско, Струмица и Македонски Брод биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол. Возачите во гевгелиско и Македонски Брод претходно предизвикале сообраќајни незгоди со материјална штета.
Еден од само 50 Maserati Grecale Tributo Il Bruciato е во сопственост на Бугарка
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

