Петар Богојески, директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, пријавил имот од значителна вредност во својот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Меѓу највпечатливите ставки се криптовалути вредни над еден милион евра, странски банкарски сметки и недвижен и движен имот.
Богојески пријавил дека поседува 11 биткоини, кои ги проценил на 59.734.070 денари (околу еден милион евра), како и 129 етериуми купени во Србија за 125.000 евра. Со ова, тој се вбројува меѓу функционерите со најголеми крипто-влогови, заедно со директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, кој претходно пријави 10 биткоини вредни 600.000 евра.
Покрај криптовалутите, Богојески пријавил сметка во Бугарија, иако не е наведена состојбата на истата. Во 2012 година купил стан со гаража во општина Карпош, кој сега вреди 278.000 евра. Исто така, годинава купил земјоделско земјиште во Ракотинци за 26.000 евра, како и нов SUV модел „Фортинг T5EBO“ за 30.000 евра.
Во делот на деловни удели, Богојески има 61% сопственост во компанијата ДТУ „Бегова Корија“ ДОО Скопје, која го стопанисува одморалиштето „Шула Мина“. Вредноста на неговиот удел е проценета на 550.000 евра. Дополнително, има влог од 5.000 евра во компанијата ВФП Фонд Менаџмент.
Богојески има и значајни странски вложувања. Од 2020 година поседува 50.000 евра во американски валутен фонд, како и животно осигурување вредно 15.000 евра. Осигурување поседуваат и неговата сопруга и деца, а неговите деца се пријавени како сопственици на акции во банка што е во основање во САД, иако не се наведени конкретни износи.
Тој има две девизни сметки (во евра и долари), два персонални сефа (еден во евра, друг во денари), како и девизна сметка во банка во Бугарија. Пријавил и девизна готовина во износ од 120.000 евра, која делумно е наследена, а дел стекната.
Во анкетниот лист е вклучен и златен накит вреден над 40.000 евра, како и икони со благородни метали, проценети на околу 20.000 евра.
Богојески како директор на агенцијата прима месечна плата од 87.000 денари. Сепак, неговото пријавено богатство далеку ја надминува вредноста на редовните примања, ставајќи го во фокусот на јавноста и медиумите поради обемниот и разновиден имотен лист.
17 мај 2025
• од Вардарски