30 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
По спроведена обемна истражна постапка во која биле опфатени 27 полициски службеници, јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при ОЈО ГОКК поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје против 13 полициски службеници.
Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност, поврзано со пожарот што на 16 март 2025 година избувна во кабаре „ПУЛС“ во Кочани. Во трагичниот настан животот го загубија 63 лица, а 223 лица се здобија со тешки телесни повреди и телесни повреди.
Според обвинението, во периодот од 14 до 16 март 2025 година, обвинетите полициски службеници одобриле и спровеле план за акциска контрола на угостителски објекти без целосна проверка на исполнетоста на законските прописи и безбедносните процедури. При контролата во кабарето, како што се наведува, не биле преземени соодветни мерки за заштита на присутните лица, ниту било спречено користењето на непријавена пиротехничка опрема, што, според обвинителството, директно придонело за настанување на пожарот.
Покрај обвинителниот акт, до Основниот кривичен суд Скопје се поднесени и обвинителни предлози против уште 12 полициски службеници. Девет од нив се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување при издавање согласност за работа на кабарето во 2022 и 2023 година, со што било овозможено прибавување противправна имотна корист. Тројца полициски службеници се обвинети дека при изготвување службени записници внеле неточни податоци и овозможиле неправилно водење прекршочни постапки.
Во однос на седум полициски службеници, јавниот обвинител донел наредба за запирање на истражната постапка, бидејќи било утврдено дека нивните законски надлежности не се во директна причинско-последична врска со настанувањето на пожарот. За дел од дејствијата е утврдена и застареност на кривичното гонење. За дејствијата преземени во 2022 година била водена предистражна постапка, за која денес е поднесено соодветното обвинение. Во текот на истрагата била донесена и наредба за запирање на истражната постапка за починат полициски службеник.
За сите обвинети лица, согласно соопштението, остануваат на сила мерките за обезбедување на нивното присуство во постапката, сè до одлука на надлежниот суд.
Не Бугарија, не Брисел – туку Мицкоски: вистинската причина за застојот кон ЕУ
Кривична пријава против Марко Беслимовски за штета од над 14 милиони денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

