04 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Локалните избори завршија, но проблемите на граѓаните останаа. Во Скопје, како и во многу други градови, приоритет број еден за жителите е решавањето на долгогодишниот проблем со отпадот и одржувањето на хигиената во градот.
По завршувањето на изборната трка, започна и одбројувањето на часовите до реализацијата на предизборните ветувања. Граѓаните очекуваат новите градоначалници веднаш да се зафатат со конкретни дела, особено кога станува збор за чистотата и јавната хигиена.
„Сè што ветија, нека го исполнат. Приоритетот е да се исчисти ѓубрето и да се подобри хигиената. Од тоа треба да почнат“, вели еден скопјанец.
„Нека работат, затоа што народот страда. Најпрво треба да се среди јавниот превоз и хигиената, тоа се најголемите срамови – глувци по улиците поради ѓубрето“, додава друг граѓанин.
„Прво и основно е хигиената и отпадот. Хигиената е половина здравје, тоа е факт“, истакна трет соговорник.
Многумина се согласуваат дека чистиот воздух и чистите улици треба да бидат врвен приоритет на новата локална власт.
Иако во некои делови на Скопје, камионите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ почнаа со интензивно собирање на отпадот уште од синоќа, на многу локации контејнерите и натаму се преполни. Тоа укажува дека проблемот со ѓубрето сè уште е далеку од решен.
Од „Комунална хигиена“ преку социјалните мрежи информираа дека активностите за чистење продолжуваат со полна пареа. „Постигнуваме видливи резултати, работниците на ЈП Комунална хигиена – Скопје интензивно ја спроведуваат акцијата за чистење“, соопштија од претпријатието.
Граѓаните, сепак, бараат долгорочно решение. Освен редовното чистење, тие очекуваат претпријатието да ги замени и оштетените контејнери, кои дополнително придонесуваат за лошата слика на градот.
Проблемот со ѓубрето во Скопје останува тест за новата локална власт – дали навистина ќе ги исполни ветувањата или, како и многупати досега, ќе остане само на зборови.
Назим Рашиди: Време е ВЛЕН да покаже транспарентност, а ДУИ да се реформира
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

