07 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Публицистот и колумнист Владимир Перев беше гостин во емисијата „Доверливо со Насер Селмани“, каде со новинарот Насер Селмани разговараа за повеќе актуелни политички и општествени теми, со посебен акцент на европската интеграција на Северна Македонија и односот на власта кон овој процес.
Во текот на разговорот, Перев ги изнесе своите ставови околу прашањето за внесување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, оценувајќи дека тоа претставува суштински чекор кон нивна институционална легитимација. Тој упати повик до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги стави уставните измени на гласање во Собранието, со цел јавно да се види позицијата на секој пратеник и, како што рече, „никој да не се крие позади граѓаните“.
Перев сподели и лични искуства, нагласувајќи дека во текот на животот бил изложен на навреди, дури и од блиски луѓе, поради тоа што се изјаснувал како Бугарин. Тој истакна дека неговото семејство ги зачувало бугарските традиции и дека тоа било дел од неговиот идентитет, и покрај притисоците со кои се соочувал.
Во интервјуто беше отворена и темата за физичкиот напад врз Перев, кој се случи во ноември минатата година. Осврнувајќи се на случајот, тој го критикуваше премиерот Мицкоски, оценувајќи дека не доликува на носител на таква функција да дава изјави кои, според Перев, го релативизираат настанот. Притоа алудираше на изјавата дека немало да го коментира случајот бидејќи Перев „самиот се повредил“.
Интервјуто отвори повеќе прашања за односот кон идентитетските теми, политичката одговорност и патот на државата кон Европската Унија, оставајќи простор за поширока јавна дебата.
Османи: Владата се обидува протестите да ги прикаже како политички мотивирани
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

