01 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Пензионери од сите делови на државата денеска масовно излегоа на протест пред Уставен суд во Скопје, барајќи судот да дозволи продолжување на линеарното пресметување и покачување на пензиите. Според иницијативниот одбор, ова барање не е политичка агенда, туку борба за достоинствен живот и еднаквост меѓу пензионерите со минимални примања и оние со повисоки пензии.
Претседателот на иницијативниот одбор, Зоран Трајков, истакна дека државните институции мора да го постават клучното прашање – каде е грижата за најранливите пензионери? Тој потсети дека процентуалните усогласувања досега носеле симболични 600–700 денари, сума со која многумина не можат да обезбедат основни потреби.
„Нашата борба е за сите идни пензионери – за корка леб и лекови. Ова не е против власта, ова е за обединување на Македонија. Доста е со поделби, ситиот не му верува на гладниот, но нашиот глас допрва ќе се чуе“, изјави Трајков, нагласувајќи дека протестите ќе продолжат и пред Канцеларија на Европската Унија на 10 декември.
Одборот посочи дека некогашниот сооднос меѓу највисока и најниска пензија бил 1 спрема 4, додека денес тој достигнува 1 спрема 7 – разлика која, според нив, ќе продолжи да расте доколку системот остане процентуален. Пензионерите реагираат токму на неправдата при која едни добиваат неколку стотини денари, а други и до 3–4 илјади денари при истото законско покачување.
Пензионерите со минимални пензии нагласија дека се жртви на транзиција – период во кој многумина останале без платени придонеси, без социјална заштита и соочени со борба за преживување.
Освен линеарно зголемување, пензионерите побараа и:
Протестот беше најавен од пензионерите на собир во Штип, каде присуствуваа пензионери од Свети Николе и други градови меѓу кои Куманово.
Во 2024 година и во март 2025 година пензиите веќе имаа линеарно зголемување од по 2.500 денари. Дополнително, во септември 2025 година пензионерите на платежни картички добија уште 1.000 денари. Согласно владините најави, во март 2026 година се очекува ново усогласување од 1.000 денари.
Во меѓувреме, од Уставен суд беше потврдено дека е поведена постапка за оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој пензиите се зголемуваат линеарно. Токму оваа постапка ги изнесе пензионерите на улица, со страв дека без линеарниот модел, следните поколения ќе останат без средства „за леб и лек“.
Пензионерите испратија јасна порака до сите институции: човечкото право на живот со минимум достоинство е над секоја статистика, а пензискиот систем мора да гарантира еднаквост за сите граѓани во пензија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

