македонија12 февруари 2024 Пендаровски ги повика пратениците да донесат измени на Законот за безбедност во сообраќајот
Неприфатливо е македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани, вели претседателот Пендаровски во соопштение. Пендаровски бара од парламентарните политички партии веднаш да донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот и соодветните норми во други закони што ја регулираат оваа област за да им се овозможи на граѓаните да им важат возачките дозволи и возачките книшки на територијата на државава.
Никој не смее да биде казнет поради непроменета возачка дозвола и возачка книшка, вели Пендаровски.