13 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, во гостување во подкастот „Претрес со Ландов“ изнесе загрижувачки информации за состојбата во затворот Идризово. Според него, во шестото крило на затворот се шири радикален ислам, а бројот на приврзаници постојано расте.
Пандов објасни дека голем проблем претставува недостигот на ќелиски систем во Идризово. Наместо индивидуални или помали ќелии, затворениците престојуваат заедно во големи простории, што овозможува непречена комуникација и влијание меѓу нив.
„Како… она што е интересно со тие ликови, тие во најголем дел се исклучително примерни затвореници. Меѓутоа, немаме начин да ги изолираме. Тие се во група со поголем број затвореници“, изјави Пандов.
Директорот нагласи дека е жално што, наместо останатите затвореници да влијаат врз радикалите и да ги одвратат од екстремистички идеи, се случува спротивното – радикалите успеваат да го шират своето влијание и кај други.
„Жален е податокот што наместо другите да исфрлат од овие радикализмот, напротив, овие го шират и помеѓу останатите затвореници“, предупреди тој.
Пандов призна дека засега нема конкретно решение за овој безбедносен предизвик. Според него, без воведување ќелиски систем и можност за физичка изолација на радикалните елементи, ситуацијата ќе остане тешка за контрола.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден