19 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Продажбата на становите во земјава бележи пад во второто тримесечје од годинава во споредба со првото. Според податоците на Агенцијата за катастар на недвижности, во периодот од 1 април до 30 јуни биле продадени вкупно 676 новоизградени станови, што претставува намалување од 178 станови во однос на претходното тримесечје.
Најголем интерес за купување станови има во општина Аеродром, каде во второто тримесечје се продадени 164 станови, што ја прави оваа општина најатрактивна за купувачите на недвижности.
Кога станува збор за продажба на куќи, Битола е на прво место, со вкупно 60 продадени куќи во наведениот период.
Моментално се наоѓаат во тек на изградба 25.354 станови, кои во наредниот период ќе се појават на пазарот на недвижности. Ова покажува дека понудата и понатаму е голема, иако побарувачката е во опаѓање.
Највисоката цена по квадратен метар е регистрирана во општина Центар. Таму е продаден стан од 96 метри квадратни по цена од 260.000 евра, што значи дека еден метар квадратен достигнал вредност од околу 166.563 денари.
Овој податок ја потврдува тенденцијата Центар да остане една од најексклузивните локации за купување недвижности.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден