20 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, каде сведочеше пациентка која примала комбинирана хемотерапија и имунотерапија. Таа го опиша своето искуство како момент што ѝ оставил длабока дилема – терапија што ѝ била дадена надвор од редовните протоколи и без да биде заведена во клиничката евиденција.
Според нејзиното сведочење, при деветтата посета на Клиниката за радиотерапија и онкологија, лекарот Нино Васев ѝ соопштил дека лекот што го примала е во дефицит и дека останале само три шишенца. Ѝ рекол дека поради нејзината возраст лекот имал „повисока ефективност“ и дека ќе ѝ даде едно шишенце, но без тоа да биде запишано во службената документација.
Пациентката опиша дека терапијата била аплицирана во дневната амбуланта во присуство на медицински сестри, но дека отсуството на каков било запис за апликацијата подоцна ја натерало да се прашува зошто постапката била различна од сите претходни циклуси.
„Сè беше направено неформално, без вообичаениот упат, без потписи од матичниот онколог и од директорот. Никој не ми побара пари, не ми беше предложено ништо. Но тоа што не беше запишано – тоа ми остана прашање до денес“, изјави таа.
Таа додаде дека самата се пријавила да сведочи кога дознала за случајот, верувајќи дека има граѓанска должност да го сподели она што го доживеала.
Одбраната на Васев реагираше дека ваков настан воопшто не се случил и побара од обвинителството да се фокусира на „финансиските аспекти“ од обвинението, наместо да навлегува во медицинските процедури.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

