09 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје упати апел до граѓаните за внимателно и рационално користење на водата за пиење, поради продолжената енормна и неконтролирана потрошувачка што се бележи во последниот период. Како што информираат од претпријатието, ваквата состојба доведува до повторни нарушувања на стабилноста на водоснабдителниот систем, што резултира со намален притисок и повремени прекини во водоснабдувањето во одредени делови од градот.
Се очекува стабилизација на системот во доцните вечерни часови, по 23 часот.
Од „Водовод и канализација“ потсетуваат дека Скопје се снабдува со вода од природен извор со ограничени ресурси, поради што е клучно граѓаните совесно да ја користат водата за пиење. Особен апел се упатува да се избегнува нејзино користење за непотребни намени како што се полевање бавчи и ниви, миење автомобили, полнење базени и слично.
Истовремено, ЈП Водовод ги повикува и органите на локалната самоуправа да се вклучат во информирањето и едукацијата на населението преку своите служби и месните заедници, со цел подигање на јавната свест за заштита на водните ресурси.
Претпријатието исто така апелира до граѓаните да пријавуваат случаи на диви приклучоци на системот, кои, како што истакнуваат, сериозно го оштетуваат водоснабдителниот систем и го загрозуваат квалитетот на водата за сите корисници. Пријавување може да се изврши телефонски на бројот 02 3073 010, преку е-пошта на kontakt@vodovod-skopje.com.mk, или преку веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден