МАКЕДОНИЈА

ЈП „Комунална хигиена“ казнета со 88.000 евра од Општина Аеродром поради пропусти во работата

09 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

По долг период на трпеливост и повеќекратни укажувања, Општина Аеродром изрече прекршочна казна од 88.000 евра на Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“. Причината за оваа санкција е континуираното нефункционирање на службите, несоодветното собирање на отпадот и општата негрижа за јавната хигиена на територијата на општината.

Од Општина Аеродром нагласуваат дека санкцијата не е политичка, туку институционална и заснована на објективно утврдени пропусти во извршувањето на надлежностите од страна на претпријатието. Жителите на општината со месеци се жалат на преполни контејнери, нечисти улици и лоши услови за живот – и покрај тоа што редовно ги плаќаат своите комунални обврски.

„Како градоначалник, сметам дека ова не е нормална и прифатлива состојба“, изјави в. д. градоначалникот Дејан Митески. Тој додаде дека Општина Аеродром нема намера да биде заложник на туѓа неспособност и неодговорност и дека граѓаните заслужуваат подобра услуга.

Митески ги повика надлежните од ЈП „Комунална хигиена“ итно да преземат конкретни и ефикасни мерки за подобрување на состојбата и обезбедување чиста и здрава животна средина. „Очекуваме претпријатието конечно да почне да работи во интерес на граѓаните“, изјави тој.

Од Општината најавуваат дека ќе продолжат со засилен надзор и ќе применуваат санкции кон сите субјекти кои не ја извршуваат својата работа навремено и квалитетно.

„Аеродром заслужува чиста, уредна и достоинствена средина за живеење. Ќе останеме транспарентни и секогаш на страната на граѓаните“, порачуваат од локалната самоуправа.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени