28 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Забраната за пиење вода од градскиот водовод во Струга и понатаму останува во сила поради зголемена заматеност на водата, која сè уште варира на различни мерни точки низ градот.
Водата од водоводната мрежа може да се користи исклучиво за технички потреби, додека не се добијат резултати што ќе потврдат дека е безбедна за пиење. Надлежните институции апелираат до граѓаните строго да ја почитуваат препораката со цел заштита на јавното здравје.
Информацијата денеска ја потврди д-р Лидија Симоновска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје – Охрид. Таа посочи дека иако заматеноста е во опаѓање, сè уште има отстапувања во одредени делови од градот, поради што забраната останува на сила до дополнително известување.
Надлежните служби продолжуваат со мониторинг и редовно земање примероци од водата, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите нови промени поврзани со квалитетот на водата за пиење.
Бугарската банка за развој се приклучи кон новата иницијатива на ЕК „EastInvest“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

