28 март 2026
• од Вардарски
Осомничениот за убиството во Охрид, Ж. Гроздановски, е лице кое и претходно било познато на јавноста и на органите на прогонот. Како што дознава Фокус, станува збор за истото лице кое во 2019 година беше уапсено поради упатување закани кон тогашниот премиер Зоран Заев.
Според информациите, Гроздановски се води како лидер на организацијата „Христијанско братство“. Пред речиси седум години, преку видео-снимка со заканувачка содржина објавена на социјалните мрежи, тој упатувал сериозни закани не само кон Заев, туку и кон други членови на тогашната влада предводена од СДСМ.
Во однос на неговата професионална кариера, Гроздановски работел како анестезиолошки техничар на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Претходно, до 2010 година, бил вработен и во Клиничката болница во Тетово. Овие информации за „Фокус“ ги потврдил и актуелниот директор на тетовската болница, доктор Ерзен Ељези.
Според неофицијални извори, постоел договор меѓу осомничениот и убиениот, според кој Гроздановски требало да му обезбедува заштита, а за возврат да добие наследство. Убиениот, пак, бил сопственик на угостителскиот објект „Климентов Конак“.
Истрагата за случајот е во тек, а надлежните институции работат на целосно расветлување на мотивите и околностите поврзани со убиството.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

