македонија12 февруари 2025 Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
Во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба вчера полицијата пронашла 60 куршуми, 10 електрични детонаторски каписли, 11 вежбовни детонатори за рачни бомби и еден топовски удар со барут.
Како што информира денеска МВР, случајот вчера во полиција го пријавил граѓанин. Потоа интервенирале полициски службеници од СВР Скопје со Единицата за антитероризам и Единицата за службени кучиња.
Предметите се подигнати и предадени за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.