04 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
На денешен ден се навршуваат точно три години од палежот на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола – настан кој во јавноста предизвика сериозни политички и општествени потреси, отворајќи значајни прашања за состојбата со човековите права и меѓуетничките односи во Република Северна Македонија.
По повод годишнината, со јавна објава на социјалните мрежи се огласи Љупчо Ѓоргиевски, претседателот на сега веќе забранетиот клуб „Иван Михајлов“. Во својата порака тој го осуди палежот како „намерен удар врз бугарската заедница во Македонија“, а институциите ги обвини за пристрасен однос и репресија врз жртвите наместо кон сторителите.
„Наместо да бидат осудени сторителите, државата ја насочи својата репресивна машина кон нас. Против мене беше покренато монтирано политичко дело“, наведува Ѓоргиевски. Тој тврди дека по три години судски процес, иако постапката е завршена, судот сè уште не ја соопштил пресудата, што според него претставува намерно одложување со цел продолжување на тортурата.
Во објавата, тој ги нарекува „вистински палачи“ оние кои, како што тврди, ја нарачале и прикривале акцијата, и додава дека тие се добро познати и „еден ден ќе се соочат со вистината“.
Покрај внатрешната критика, Ѓоргиевски упати и повик до меѓународната заедница, организациите за човекови права и независните медиуми да обрнат внимание на, како што вели, прогон врз Бугарите во Македонија поради нивниот идентитет.
„Во европска Македонија, Бугарите се прогонувани поради својот идентитет. Вратите на Европа не можат да се отвораат со запалени клубови, погазени права и политички процеси. Вистината не се гори. Историјата не се забранува. Бугарскиот дух не се предава“, завршува неговата порака.
Настанот и понатамошниот развој остануваат чувствителна тема во општеството, особено во контекст на македонско-бугарските односи и процесот на европска интеграција.