13 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Академскиот сликар и онколошки пациент Анжелика Колева упати емотивна и остра порака преку социјалните мрежи до властите и јавноста, посочувајќи на сериозноста на загадувањето и системската негрижа кон здравјето на граѓаните.
Колева нагласува дека носителите на одлуки не ја почувствувале тежината на борбата со канцер и затоа можат мирно да се занимаваат со предизборни кампањи. „Не сте преживеале канцер, затоа ви е океј да терате предизборни кампањи наместо да ангажирате сѐ што е војска и полиција да ги чува депониите. Не сте чекале ред на Онкологија за хемотерапија, затоа ви е океј да дишеме ваков воздух на смрт што мириса,“ напиша таа.
Во нејзината порака се осврна и на тоа дека семејствата на пациентите со канцер стравуваат пред операциони сали, додека властите живеат во услови со „сонце на чисто“, а нивните деца се школуваат во безбедни услови во странство. „Туѓите деца се трујат дома“, предупреди Колева, потсетувајќи и на трагедијата во Кочани, како и на нерешените проблеми во Онкологија – теми кои, според неа, пребрзо исчезнуваат од јавниот фокус.
Колева во својата порака упати и критика кон општеството, кое го опиша како „растроено“ и „психички оболено за лајкови и интеракција на мреживе“. Таа додаде дека народот останува рамнодушен на трагедиите и проблемите, освен кога станува збор за продолжен викенд. „Составот на државата е од партиски полтрони и ништо повеќе. Во состојба сте да се угушите самите себеси,“ порача таа.
На крајот, Колева саркастично додаде: „Ставајте маските… да се заштитите де! Каков народ – таква држава. Толку!“
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден