09 август 2025
• од Станча Јаќимовски
На последната седница на Владата на Република Северна Македонија беше донесена одлука за основање на ново основно училиште „Азем Морана“ во селото Моране, Општина Студеничани.
Веста ја соопшти првиот вицепремиер, Изет Меџити, кој овој чин го оцени како акт на почит кон ликот и делото на Азем Морана — учител, патриот и борец за образованието на албански јазик.
Меџити истакна дека отворањето на училиштето претставува враќање на споменот за Морана преку институција што ќе образува идни генерации со знаење и национална свест. Тој ја нарече одлуката „закаснет долг кон човек кој целиот свој живот го посвети на образованието и идеалот за слобода“.
„Основното училиште ‘Азем Морана’ ќе биде храм на сеќавањето и извор на инспирација за идните генерации,“ нагласи Меџити.
Кој бил Азем Морана
Азем Морана (1923 – 1947) е роден во селото Моране, Скопско. По професија бил учител, но во исто време и еден од водечките балистички водачи кои продолжиле да дејствуваат и по завршувањето на Втората светска војна, во периодот 1944–45.
Морана бил меѓу главните личности на Националдемократскиот сојуз на Албанците (НДШО), а во јуни 1946 година бил избран и за член на Централниот комитет. Учествувал во создавање на широка мрежа на илегални комитети по градовите и селата, како и во организирањето вооружени групи за борба против новата македонска власт.
Во 1946 година бил откриен и уапсен, а по судска постапка бил осуден на смрт и погубен во 1947 година во Скопје.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден