18 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Регулаторната комисија за енергетика ја објави најновата одлука за малопродажните цени на горивата, со која од полноќ следува поевтинување на сите видови деривати, јавува 4NEWS.mk.
Според одлуката, ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 поевтинуваат за 0,5 денари по литар. Така, од утре ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 74 денари, додека ЕУРОСУПЕР 98 ќе чини 76 денари за литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ бележи поголемо намалување – за цели 1 денар, па од утре литар дизел ќе изнесува 67,5 денари.
Намалување има и кај горивата за домаќинствата. Екстралесното масло за домаќинство ќе се продава за 67 денари по литар, што е поевтино за 1 денар.
Воедно, цената на мазутот е намалена за 1,1 денар, и од полноќ ќе изнесува 38,6 денари за килограм.
Новата одлука на Регулаторната комисија носи олеснување за граѓаните и стопанството, бидејќи поевтинувањето ги опфаќа сите видови горива.
СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден