20 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Наместо топол и достоинствен оброк, дел од најранливите граѓани во Скопје добиваат ладни ланч пакети – лепиња, конзервиран нарезок, сок и тортичка. Ова е реалноста што минатата среда ја затекнале корисниците на т.н. народни кујни, и покрај тоа што системот е замислен да обезбеди редовен, квалитетен и топол оброк.
Според податоците, вкупно 978 оброци биле распределени на девет пунктови низ главниот град. За секој оброк, државата плаќа по 239 денари, согласно тендерски договор вреден околу 1,5 милион евра годишно. Договорот предвидува готвена храна во текот на неделата, додека во петок се делат ланч пакети за викенд.
Од фирмата задолжена за реализација на тендерот велат дека станува збор за исклучок, предизвикан од неочекуван инцидент, и тврдат дека во целост го почитуваат договорот. Сепак, теренските посети на пунктовите покажуваат поинаква слика.
Храната често не одговара на предвиденото мени, се дели ладна и неретко – на улица, наместо во соодветни услови. Овој начин на дистрибуција значително отстапува од концептот на народни кујни, чија цел е да обезбедат не само храна, туку и чувство на грижа и достоинство за корисниците.
Овие наоди ги потврдуваат и теренските посети на новинарите, но и анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), кој детално ги испитувал јавните набавки поврзани со овој проект.
„Станува збор за тендер со значителна финансиска вредност – 1,5 милион евра годишно – кој директно засега чувствителна категорија граѓани. Затоа беше важно да се утврди колку ефикасно се спроведува и да
Филипче: Цените растат, а Мицкоски троши народни пари наместо да преземе мерки
Украден бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Чаир
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

