04 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
По паузата за време на новогодишните празници, грчките земјоделци од денеска повторно ги активираат блокадите на граничниот премин Евзони, предизвикувајќи сериозни проблеми во сообраќајот и задржувања за патниците од двете страни на границата.
Според најавите од граничните служби, преминот ќе биде целосно затворен за влез и излез за сите видови возила во периодот од 17:00 до 21:00 часот по македонско време. Овој временски интервал е особено чувствителен, бидејќи токму во неделните попладневни и вечерни часови најголем број македонски граѓани се враќаат од Грција, каде што го поминале викендот или празниците.
Илјадници Македонци изминативе денови престојувале во соседната земја по повод дочекот на Новата година и споениот празничен викенд, што дополнително го зголемува ризикот од долги колони и часовни чекања на границата.
Блокадите се дел од пошироките протести на грчките земјоделци, кои бараат подобри услови за работа и поддршка од државата. Вчера тие одржаа протестен марш низ градот Кукуш, а незадоволството го ескалираа откако потпретседателот на грчкиот Парламент, Јоргос Гоергадас, одбил да се сретне со нив. Како знак на протест, земјоделците фрлија сено и памук пред неговата канцеларија.
Надлежните институции апелираат до граѓаните да ја следат состојбата и, доколку е можно, да ги одложат патувањата или да користат алтернативни гранични премини, со цел да се избегнат дополнителни непријатности.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

