Обвинител изврши увид во семејна куќа во Скопје каде што маж си ја убил сопругата
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска изврши увид во семејна куќа во Скопје, каде што според првичните информации маж ја убил својата сопруга.
Од Обвинителството информираат дека е издадена наредба за обдукција на починатата, со цел да се утврдат точните околности на смртта. На лице место увидните екипи прибраа траги и материјални докази, кои ќе бидат предмет на вештачење во наредните денови.
Осомничениот маж е приведен на граничниот премин Табановце, при обид да ја напушти државата. Од Обвинителството најавија дека утре ќе бидат објавени повеќе информации за понатамошниот тек на постапката.