04 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен предлог против судија од Основниот суд во Кавадарци за кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик.
Според обвинението, судијата во текот на 2024 година со умисла несовесно постапувал при спроведување на извршување затворска казна за еден осуден. Казната, изречена со правосилна пресуда на Основниот суд во Гевгелија, изнесувала три години и осум месеци. Иако судијата на 5 април 2024 година добил известување за оваа пресуда, тој со задоцнување го изготвил првиот упатен акт и притоа го упатил осуденото лице во Казнено-поправната установа во Гевгелија, наместо во КПУ Идризово – Скопје, каде што според висината на казната требало да биде спроведен.
Кога затворот во Гевгелија го известил дека нема надлежност за издржување на таква казна, судијата продолжил со пропусти и не ги почитувал законските рокови при донесување нови одлуки во предметот. На 4 јуни 2024 година добил информација дека осуденото лице не се јавило на издржување на казната во Идризово. Наместо веднаш, како што тоа законски е пропишано во рок од 24 часа, да издаде наредба до Министерството за внатрешни работи за приведување на лицето, судијата тоа го сторил дури на 7 јуни 2024 година.
По распишана централна потерница, осуденото лице било пронајдено и приведено, но казната започнало да ја издржува речиси една година подоцна, на 11 март 2025 година, наместо во април 2024 година како што било предвидено.
Обвинителството смета дека со ваквото несовесно и неажурно постапување, судијата значително ја нарушил законитоста и овозможил одлагање на извршувањето на казната, со што го сторил кривичното дело за кое се товари.