18 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Од овој месец, цената за добивање возачка дозвола од категорија Б се зголеми за речиси 10.000 денари, што предизвика незадоволство и револт кај кандидатите, пренесува denar.mk.
Досега целокупната обука во автошколите чинеше околу 24.000 денари, додека сега цената достигнува 34.000 денари. Согласно новите правила, секој дополнителен час на полигон се наплаќа 250 денари, што значи дека секоја дополнителна вожња претставува нов финансиски товар за кандидатите.
Од автошколите велат дека зголемувањето на цените било неизбежно поради растечките трошоци за гориво, одржување на возилата и техничката опрема. Дополнително, новите регулативи на Министерството за транспорт и врски бараат построги стандарди во наставата и обуката.
„Не можеме да работиме со цени од пред 10 години, кога сè околу нас е поскапо“, објаснуваат дел од автошколите во Скопје.
Автошколите признаваат дека значителниот скок на цените ќе ги натера многу млади да размислат двапати пред да се запишат на обука, бидејќи новата цена претставува сериозен товар за просечното семејство во Македонија.
Од Министерството за транспорт и врски, неофицијално велат дека измените се направени со цел подобрување на квалитетот на обуката и усогласување со европските стандарди.
Сепак, ваквите објаснувања малку значат за кандидатите. Тие велат дека и претходно цената била висока, а сега, според нив, „само богатите ќе можат да научат да возат“.
Ахмети му честита на Хамза: ПДК е државотворна партија и наследничка на УЧК
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

