20 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство – Скопје поведе истрага против лице осомничено дека се обидело да го убие својот брат во семејниот дом во село Марино, скопско.
Според информациите од Обвинителството, настанот се случил на 18 октомври, кога осомничениот физички го нападнал својот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и телото. Од ударите, оштетениот започнал да крвари и изгубил свест. Наместо да побара помош, осомничениот си легнал да спие.
Следното утро, кога го забележал братот како лежи во крв, не реагирал веднаш, туку повикал итна медицинска помош речиси три часа подоцна.
Јавниот обвинител предложил на осомничениот да му биде определен притвор, земајќи ги предвид тежината на делото и околностите под кои е сторено.
Според Обвинителството, случајот се води како обид за убиство по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден