03 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Пожар што избувнал во стан во Штип поради запален оџак заврши со повредени две лица, кои се пренесени на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Според соопштението на МВР, на 2 јануари 2026 година во 15:01 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 6 часот наутро настанал пожар на оџак во стан на улицата „9 Мај“, сопственост на С.А. (41) од Штип. Како последица на вдишување чад, неговата мајка Д.А. (65) и сестра му С.Д. (39), двете од Штип, биле пренесени во скопските клиники за укажување лекарска помош.
Во пожарот бил зафатен и соседен стан, сопственост на Л.К. (61) од Штип. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица Штип, која успеала да го локализира пожарот и да спречи негово понатамошно ширење.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип. Надлежните служби ги утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот, како и висината на причинетата материјална штета.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

