03 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Македонските граѓани со години се соочуваат со растечки трошоци за електрична енергија, но според Нухиу, проблемот не лежи само во цената на потрошената струја, туку и во, како што вели, „легалната кражба“ скриена во самите сметки. Тој јавно прозива системот и компанијата ЕВН за неетичко и неправедно однесување спрема потрошувачите.
„Ако потрошите, на пример, струја во вредност од 5000 денари, на крајот плаќате 9600 денари“, вели Нухиу. Дополнителните 4600 денари, според него, не се поврзани со потрошената енергија, туку се резултат на две сомнителни ставки:
Овие трошоци, според него, се непотребно удвојување, со што се создава илузија на транспарентна сметка, а всушност се прикрива дополнително оптоварување на граѓаните.
Нухиу дава интересна споредба: „Ова е исто како да купите 1 кг шеќер за 40 денари, но да ви наплатат уште 18 денари за влез на пазарот и 18 денари за транспорт – па на крајот да платите 76 денари за шеќерот.“ Тој тврди дека ниедна нормална држава не ги наплатува овие услуги одделно на ваков начин и тоа уште повеќе ги удира по џебовите на граѓаните во време на економска нестабилност.
Дополнително, Нухиу ја критикува и воведената методологија на блок тарифи – Блок 1, 2 и 3 – која, според него, уште повеќе ја продлабочува неправдата. Како што трошите повеќе струја, така се зголемува и цената на дистрибуцијата и пристапот, без разлика дали сте во можност да влијаете на тие трошоци или не.
Особено загрижувачки е делот каде Нухиу тврди дека граѓаните немаат никаква правна заштита. „Ниедна граѓанска тужба не може да се добие на суд“, вели тој, што според него укажува на системска заштита на монополската позиција на енергетските компании и институционална немоќ или незаинтересираност за интересите на обичниот човек.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

