06 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Новинарката Лиридона Вејсели реагираше преку јавна објава, истакнувајќи дека студентските барања се оправдани, но воедно упати остра критика до политичарите, особено до функционерите кои со години биле дел од институциите.
„Навистина, студентите имаат право. Но она што не е јасно е како е можно функционерите на ДУИ, кои со години имале можност да го решат овој проблем, да не го направиле тоа“, пишува Вејсели.
Таа потенцира дека проблемот со употребата на албанскиот јазик не е нов и дека постои со години, и покрај тоа што формално е регулиран со закон.
Според неа, во многу институции – особено во Владата, Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда – често се случувало документите да не се прифаќаат на албански јазик, ниту пак одговорите да бидат доставени на истиот јазик.
„Ние како новинари, кои секојдневно сме во контакт со институциите, многу добро ја знаеме оваа реалност“, додава таа.
Вејсели истакнува дека Законот за употреба на јазиците често бил оставен на добра волја, при што албанските министри го почитувале, но тоа не било случај и со македонските функционери.
„Истото се случува и денес – ништо не е подобро. Ниту тогаш, ниту сега, ниту еден министер или директор не беше санкциониран или принуден да го користи албанскиот јазик“, наведува таа.
Таа упати критика и кон поранешните функционери, обвинувајќи ги за лицемерие.
„Денес гледаме поранешни албански министри како лијат крокодилски солзи, особено оние кои со години раководеле со Министерството за правда“, истакнува Вејсели.
Според неа, одговорноста не е само кај системот, туку и кај поединците кои биле дел од него, а не презеле конкретни чекори.
„Студентите заслужуваат правда и искрена поддршка. Политиката треба да се тргне на страна – политичарите со години ја валкаат оваа тема со лаги“, порачува Вејсели.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

