МАКЕДОНИЈА

Нова скандалозна изјава на премиерот: Мицкоски тврди дека протестите во Кочани се претвораат во политичко движење

09 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Премиерот Христијан Мицкоски повторно се најде во центарот на јавниот интерес поради контроверзна изјава дадена на денешната Конференција на Унијата на млади сили (УМС). Во својот говор, тој изрази сомнеж дека граѓанските протести кои се одржуваат во Кочани прераснуваат во, како што рече, „политичко движење“.

Изјавата на Мицкоски наиде на остра осуда од јавноста и особено од страна на граѓаните кои веќе неколку дена протестираат, барајќи одговорност и правда за трагичниот инцидент во кој загинаа деца и беа повредени повеќе лица. Мнозинството од присутните на протестите се родители и роднини на жртвите, кои се почувствуваа длабоко навредени од оваа квалификација.

„Со ваквите зборови, премиерот ги омаловажува нашата болка и борбата за вистина и правда. Ова не е политика, ова е човечка трагедија“, велат дел од родителите.

Дополнително, јавноста е вознемирена од начинот на кој провладини медиуми ја третираат ситуацијата. Денеска, неколку од нив објавија текстови со навредливи квалификации за родителите и демонстрантите, особено откако тие јавно побараа оставка од премиерот Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Овие случувања отвораат прашања за степенот на почитување на граѓанските права и за слободата на изразување во државата. И додека граѓаните на Кочани повикуваат на правда, институциите засега молчат, а реакциите од Владата се ограничени на изјави како денешната на премиерот – изјава која само ја продлабочи недовербата меѓу народот и институциите.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени