19 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, како и против двајца вработени во општинската администрација, поради сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против К.К. (35) и Б.Ш. (64), двајцата од Струмица, за „несовесно работење во службата“, како и против И.Г. (54) од Струмица, за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според информациите од МВР, И.Г., во својство на раководител на Одделението за администратирање на приходи при Општина Струмица, постапувала спротивно на Законот за даноците на имот. Таа во четири наврати донела решенија за даночно ослободување од данок на промет на недвижен имот при продажба на станови во станбена куќа со наменска класификација А1, со што ги пречекорила своите овластувања.
Ослободувањата биле одобрени со повикување на член 25 од Законот за даноците на имот, кој, како што наведува МВР, се однесува исклучиво на станбени згради и станови со номенклатура А2.1, а не на станбени куќи со класификација А1.1, какви што биле предметните недвижности.
Дополнително, во три од четирите случаи, И.Г. се потпишала и во полето „потврдил/контролирал“, иако за тоа бил надлежен второпријавениот Б.Ш., кој во тој период бил отсутен.
Б.Ш., како раководител на Секторот за финансиски прашања, и Костадин Костадинов, како тогашен градоначалник на Струмица, според пријавата, постапиле несовесно и не извршиле должен надзор над предметите. И покрај утврдените неправилности, тие ги потпишале решенијата за даночно ослободување изготвени од И.Г.
Со ваквото постапување, како што соопшти МВР, на буџетот на Општина Струмица му била нанесена штета во износ од 668.388 денари.
Ова е втора кривична пријава против поранешниот градоначалник Костадин Костадинов. Пред околу две недели, против него и уште пет лица беше поднесена кривична пријава за злоупотреби во постапка за јавна набавка поврзана со набавката на електрични автобуси за Општина Струмица, објави порталот Скопје1.мк
Бујар Дардишта уапсен при обид за бегство на граничниот премин Долно Блаце
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

