19 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Нотарите во Македонија бараат зголемување на дел од тарифите за нивните услуги, тврдејќи дека моменталните надоместоци се застарени и не ги одразуваат реалните трошоци и обемот на работа. Од Комората на нотари велат дека дел од ценовниците не се променети повеќе од 25 години, што сериозно го поткопува нивниот статус и функционирањето на професијата.
Методија Ристовски, претставник од Комората, посочи конкретен пример: за потврдување на приватен документ со вредност од 500.000 денари, нотарот заработува 2.000 денари, додека адвокатот за иста постапка зема 3.900 денари. Тој додава дека дури и за јавни услуги, како заверка на сметки за комунални услуги, разликата е голема – за фактура од 3.000 денари, нотарот добива 300 денари, а адвокатот 1.300 денари плус ДДВ.
Нотарите го посочуваат и проблемот со промените во законската регулатива. Тие реагираат на укинувањето на коефициентот што го ограничува бројот на нотари според бројот на жители. Претходно важеше правило да има еден нотар на 20.000 граѓани. Сега, според нив, бројката е двојно зголемена, особено во градови како Куманово, каде што наместо 7, има 14 нотари.
Претседателот на Стручниот совет при Комората, Марјан Коцевски, потсети дека со законските измени од 2016 година се воведе задолжително учество на адвокати во постапките пред нотар, што доведе до поделба на тарифите и дополнително ги намали приходите на нотарите.
Од Комората изнесуваат податоци дека во 2000 година имало 100 нотари во земјава, додека во 2024 веќе има 220. Особено алармантна, според нив, е ситуацијата во Скопје – град со 616.000 жители и 66 нотари, што е двојно над дозволениот праг според поранешната регулатива.
Како дополнителен аргумент, нотарите ги споредуваат цените на нивните услуги со оние во регионот. Така, заверка на потпис во Македонија чини само 1.63 евра, додека во Србија е 2.56 евра, во Хрватска 7 евра, во Албанија 18.8 евра, а во Бугарија 5.12 евра.
Комората повикува на ревизија на тарифниците и враќање на регулираниот однос нотар-жител, за да се обезбеди квалитетна услуга и достоинствена заработка за нотаријатот во земјата.
Нотарите бараат повисоки тарифи: „Земаме помалку од адвокатите за исти услуги“
Комисијата: Говорот на омраза кон Бугарите на Фејсбук е етничка дискриминација
Георг Георгиев: Случајот против Љупчо Георгиевски е политички мотивиран процес