01 март 2026
• од Гоце Кически
Со пуштањето во употреба на реконструираната обиколница на Крива Паланка, Владата соопшти дека се заокружува важен дел од модернизацијата на источниот крак на Коридор 8. Проектот овозможува подобар и побрз спој со Бугарија и полесен проток на возила кон граничниот премин Деве Баир.
Реконструкцијата на обиколницата е во должина од 4,5 километри и чини 1,2 милиони евра. Според Николоски, проектот е реализиран навреме и претставува пример за одговорна работа.
„Ова не е само обиколница за Крива Паланка. Ова е директно поврзување со Република Бугарија и важен дел од Коридор 8. Со ова ја зајакнуваме источната врска и создаваме подобри услови за транспорт и економија“, изјави Николоски.
Тој потсети дека во јануари беше пуштен во употреба експресниот пат од Крива Паланка до Страцин. Со тоа, обиколницата е природно продолжение на веќе изградената делница и создава целосна патна целина кон границата.
Во тек е и проширување и модернизација на граничниот премин Деве Баир. Првата фаза, која опфаќа реконструкција на постојните објекти, треба да заврши до јуни. Потоа ќе започне втората фаза со проширување на преминот.
Целта е да се намалат гужвите и да се овозможи побрз премин на патници и стока меѓу двете земји.
Николоски најави дека во соработка со Европската Унија, во рамки на Планот за раст, се бара решение за модернизација и на делницата од Страцин до Романовце, односно до Куманово.
Паралелно се работи и на железничкото поврзување на Крива Паланка со Скопје и Софија. Потпишан е договор со Бугарија за изградба на прекуграничен тунел, а работите на втората фаза се веќе започнати.
„Очекувам да имаме добри вести и за железницата. Нашата цел е Крива Паланка да ја поврземе со Бељаковце и да обезбедиме дневна железничка линија до Скопје“, истакна Николоски.
Со овие проекти, Владата смета дека целосно се развива источниот дел од Коридор 8 и се зацврстува спојот со Бугарија, што треба да донесе економски развој и подобра регионална поврзаност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

