15 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во јуни 2025 година бројот на евидентирани невработени лица во државата достигна 97 157, што е зголемување од 2 786 лица во споредба со мај, кога биле регистрирани 94 371 невработен. Според новите полугодишни податоци на Агенцијата за вработување (АВРМ), растот е забележан и во однос на истиот месец лани, кога бројката изнесувала 96 828 лица – односно 329 помалку од годинава.
Најголем број активни баратели на работа има во Град Скопје – 21 118 лица, што е зголемување од 1 292 во однос на јануари годинава. Следи Тетово со 12 409 невработени, зголемување од 312 лица. Овие два центри се единствени со петцифрена бројка на невработени на државно ниво.
Понатаму, Куманово бележи 9 623 лица (намалување од 267 во однос на јануари), Гостивар 7 388 (зголемување за 4), а Прилеп 5 464 (зголемување за 5). Во останатите регионални центри бројот на невработени е под 5 000.
И покрај месечниот раст, Владата во ребалансот на Буџетот за 2025 предвидува годината да заврши со стапка на невработеност од 11,1%, што би значело пад во однос на првиот квартал, кога била 11,7%. Во истиот период стапката на вработеност се очекува да достигне 47%.
Податоците за невработеност и вработеност ги објавуваат две институции со различна методологија:
Во првиот квартал од 2025 година, според Заводот, имало 92 597 невработени на возраст од 15 до 74 години, додека АВРМ евидентирала 95 575 лица на крајот од март.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден