08 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за здравство ја информира јавноста дека според најновата временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 8 до 13 август 2025 година се очекува значително зголемување на температурите, при што на некои места ќе достигнат и до 39°C.
Во пресрет на топлотниот бран, Министерството потсетува на неопходноста од почитување на општите препораки за заштита на здравјето на населението, особено во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот.
Министерството за здравство апелира до сите граѓани сериозно да ги сфатат овие препораки и редовно да ги следат официјалните информации и известувања. Институцијата ќе ја следи состојбата на дневна основа и ќе реагира во согласност со проценките и потребите.