09 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во изминатите две недели во Македонија се пријавени вкупно 39 настани поврзани со семејно насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во овој период МВР поднело 21 кривична пријава за вкупно 25 кривични дела поврзани со семејно насилство. Од нив, шест кривични пријави се поднесени по брза постапка.
Според информациите од полицијата, најголемиот дел од кривичните дела се однесуваат на загрозување на сигурноста и нанесување телесна повреда.
Дополнително, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се поднесени пет кривични пријави за родово базирано насилство. Од нив, три се однесуваат на загрозување на сигурноста, додека две пријави се за кривично дело демнење.
Во рамки на преземените мерки, изречени се пет мерки притвор и една мерка на претпазливост.
Од МВР потенцираат дека институциите продолжуваат со постапување по сите пријави поврзани со семејно и родово базирано насилство, со цел заштита на жртвите и спречување на ваквите кривични дела.
Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител
Саше Политико: УДБА е премногу укопана за Заев да го решeше бугарското прашање
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

